Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Вкупните приходи со новиот ребаланс планирани на 374,2 милијарди денари, најголема корекција кај акцизите, буџетскиот дефицит непроменет

Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. 

Како што соопшти денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска осврнувајќи се на клучните параметри, кај даночните приходи е направена умерена корекција, од 213,3 на 209,8 милијарди денари или намалување од 1,6 процент.

– Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата – рече Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Според неа, кај неданочните приходи и донациите, со ребалансот се предвидува намалување за речиси две милијарди денари. Намалувањето е целосно кај сопствените сметки на буџетските корисници, пред сè како резултат на пролонгираното спроведување на проекти од самофинансирачки активности, при што постојат расположливи ликвидни средства.

Кај другите даночни приходи – данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи – очекувањата остануваат стабилни и во рамките на планираните износи.

– На расходната страна пристапуваме одговорно и дисциплинирано. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции. Надолната проекција се должи на намалување кај стоките и услугите и субвенциите како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење, со истовремено обезбедување дополнителни средства за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги. Ги намалуваме расходите онаму каде што реализацијата е послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети. Но, не штедиме на она што е најважно. Обезбедуваме дополнителни средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги. Кај капиталните расходи правиме корекција од речиси 5,7 милијарди денари, пред сè поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти – нагласи министерката.

Тоа не значи, додаде, откажување од капиталните инвестиции.

– Продолжуваме со вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Продолжува реализацијата на проектите поврзани со Коридорот 8 и Коридорот 10 Д, како и изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце. Во железничката инфраструктура продолжуваме со реализацијата на Коридорот 8, како и со проектот за заеднички железнички граничен премин со Србија во Табановце. Значајни средства остануваат насочени кон водоснабдување, канализација, пречистителни станици и регионални системи за управување со отпад, вклучително и продолжување на проектот за пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Продолжуваат и инвестициите во реконструкција и изградба на училишта, спортски сали, студентски и ученички домови, како и проектите за унапредување на основното образование, детската заштита, социјалните услуги, енергетската ефикасност и модернизацијата на земјоделството – потенцира министерката.

Порача и дека е особено важно тоа што продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво како дел од политиката за рамномерен регионален развој.

– Иако остварувањата во првата половина од годината кога бруто-домашниот производ забележа раст од 3,7 % се подобри од очекувањата, проекцијата за растот во 2026 година останува непроменета, односно 3,5 %, водени од претпазливост имајќи предвид дека конфликтите на Блискиот Исток и во Украина сè уште траат, а глобалната економска активност останува неизвесна и во остатокот на годината. И покрај сите предизвици, една работа останува непроменета – буџетскиот дефицит. Со вториот ребаланс дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Во исто време, државата во 2026 година треба да сервисира обврски во вкупен износ од 76,6 милијарди денари, од кои 55,1 милијарда денари се отплата на надворешниот, а 19,9 милијарди денари на домашниот долг и 1,6 милјарда денари одлив по даден заем кон Развојната банка. Дополнително, се сервисираат обврски и по основа на издадени едногодишни државни хартии од вредност во износ од приближно 1 милијарда евра. Овие обврски се предвидени во буџетот и нивното редовно сервисирање е обезбедено преку планираното домашно и странско задолжување. Не дозволуваме променетите услови и мерките за заштита на граѓаните да доведат до неконтролирано зголемување на дефицитот. Напротив, со оптимизација на расходите го задржуваме утврдениот фискален таргет – децидна е Димитриеска-Кочоска.

Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за измени и дополнувања на буџетот за 2026 година.