Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Во пресрет на есенската сеидба Владата им помага на земјоделците со 9,5 милиони евра за зелена нафта. Со помош на оваа мерка работниците во земјоделството со помалку грижа можат да ги наполнат резервоарите на земјоделските машини со кои ги обработуваа нивите. Првите картички за зелена нафта беа доделени во Свети Николе и Битола а вкупно подготвени се над 48000 картички за покривање на дел од трошоците за гориво. Министерот за земјоделие, Борче Серафимовски, истакна дека помошта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата.
„Со почеток на распределбата финансиската поддршка започнува да стигнува до земјоделците во период кога имаат потреба за вложување во подготовка на нивите, за купување на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на механизацијата. Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Затоа, зелената нафта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата“, изјави Борче Серафимовски, минситер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Помошта за земјоделсите преку картичките за зелена нафта е различна, во зависност од големината на земјиштето и видот на земјоделските проиазводи што се одгледуваат.
„Помошта се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар. За пченица, јачмен, пченка, ориз и другите култури во таа група изнесува 3.200 денари, а за сончоглед, маслодајна репка, луцерка и останатите култури во соодветната категорија – 4.800 денари по хектар. За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади се предвидени 9.600 денари по хектар. За јаболко, круша, слива, праска и другите овошни култури во оваа група износот е 12.000 денари, а за дуња, калинка, бадем, лешник и останатите култури во нивната категорија – 8.800 денари. За тутунот помошта е 11.000 денари, а за оревите и питомите костени – 6.000 денари по хектар“
Годинава поддршката во зелена нафта е зголемена за 12,3%.
Поддршката на министерството за земјоделство опфаќа повеќе сектори. Откако пчеларите пријавија помал принос на мед, министерот Серафимовски најави помош, и во моментот се подготвуваат налозите за исплата на субвенциите за пчеларите. Претходно од министерството најавија и помош за винариите и оризо-производителите, а веже се обезбедени 450000 вакцини за овците.

