Министерот за правда Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува денеска и утре, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Самитот, како што информираат од Министерството за правда, ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

