Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Македонија

Родителите на Ристов сведочеа за 350.000 евра: Парите во ѕидот се наши, не ни ги дал Ѓоко – ги чувавме за стари години

Со сведочење на неговите родители, во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сведочење на неговите родители, во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов за „соѕиданите 350 илјади евра“.

Прва сведочеше мајката на Ристов. Кажа дека на 29 декември имало претрес во нивниот дом, но не било најдено ништо. На 18-19 јануари извршен бил уште еден претрес.  

– На крај го најдоа моето место, каде што си ги чував парите – изјави мајката на Ристов во судницата. 

Реклама

Посочи дека од 1975 година, кога била направена куќата, парите што им останувале ги ставале на тоа место.

– Таму имаше 350 илјади евра, тие беа наша гаранција за стари години, за се. Цел живот биле печалени тие пари. Ќе продадеме роба, ние сме земјоделска куќа. Бостан, диња, пипер, ореви, кајсии, грозеје … по пазари одевме – рече таа. Парите од продадената роба ги претворала во марки, а потоа во евра и ги ставала во местото за чување.

На прашање дали некој знаел за тие пари, мајката на Ристов одговори негативно.

– Тоа си беше мое лично и на момчето (сопругот) – одговори таа.

Пред неколку години години, 2023-2024 година, последен пат ставила пари на тоа место, по што потешко се разболела.

Таа негира дека Ѓоко и дал пари за да ги чува. Тврди дека тие пари биле лично нејзини и на нејзиниот сопруг. Кажа и дека плетела, се осврна на тоа што го изработувала, а рече дека и нејзиниот сопруг печалел.

– Банка од 30.000 евра не гарантира повеќе, рече мајката на Ристов, прашана зошто не ги чувала парите во банка туку дома.

Таа од страна на судот беше прашана како ако таа ги ставала парите на скриеното место – на фолиите не е најден ниту нејзин, ниту ДНК – материјал од сопругот, туку само од нејзиниот син.

– Јас не верувам, не ми се верува. Тоа е чисто мое – одговори мајката на Ристов.

Потоа сведочеше нејзиниот сопруг, таткото на Ѓоко Ристов.

На прашање чии се парите, тој рече лично нивни со сопругата, печалени од 1975 година па наваму.

– Децата не знаеја. Кога им требаа пари, ако им треба – ќе им дадам, ама ќе ми ги вратат – одговори таткото на Ристов.

Тој кажал дека парите се лично негови и на сопругата, кога тие биле најдени.

И тој тврди, одговарајќи на прашање на судот, дека неговата сопруга ги ставала парите во ѕидот.

– Ако им дадам на децата, може да ги искоцкаат, не знам – одговори тој меѓу другото, зошто децата не знаеле за скриените пари.

На денешното рочиште сведочеше и Горан Манојловиќ, кој рече дека е виш криминалистички техничар, вработен во МВР – Неготино.

Тој бил повикан да ги фотографира парите во домот на родителите на Ристов.

– Заштитно одело не носев, носев заштитни ракавици – дел на заштитна опрема – одговори Манојловиќ на прашање на одбраната на Ристов.

Одбраната го праша дали водел некој дневник за влез и излез од просторијата, а тој одговори дека не знае. Кажа дека не знае и дали се направен попис на присутни лица во просторијата каде се најдени парите. Потврди дека бил присутен кога ги ваделе парите од ѕидот, но не видел дали некој прави видео-запис од целиот настан.

Судската постапка против судијата Ѓоко Ристов се води за пронајдените 350.000 евра при претрес во домот на неговите родители во Неготино, за кои Обвинителството соопшти дека не биле пријавени и дека потеклото на средствата не било поткрепено со докази.

Јавното обвинителство соопшти дека парите биле пронајдени при претресот на 18.01.2026 година во домот на родители на судија во Неготино. Спакувани биле во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите.

Ристов се сомничи дека како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот, кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи. Обвинителството тврди дека се обезбедени цврсти докази во однос на сопственоста на паричните средства.

Судскиот процес го води судијката Билјана Коцевска.

Наредно рочиште е закажано за 22 октомври.