Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Македонија

Ѓорѓиевски: Специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ предадени на Градот, до крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека специјализираните возила за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури ќе излегуваат на терен. 

Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи најавува дека до крајот на неделава се очекува да пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега.

-Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена! Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане! – посочува тој.

Реклама

Градоначалникот додаде дека Скопје предолго губело поради, како што оцени, неодговорноста и неажурноста на претходните градски власти и порача дека на тоа му се става крај со конкретни дела и инвестиции во комуналната инфраструктура.

-Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците. На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела! Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град! – вели скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: