Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Усвоени регионалните планови за заштита на биолошката разновидност и обнова на екосистемите на Западен Балкан до 2030 година

Западен Балкан доби заедничка рамка за унапредување на заштитата на биолошката разновидност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Западен Балкан доби заедничка рамка за унапредување на заштитата на биолошката разновидност и обновата на деградираните екосистеми преку усвојувањето на два клучни регионални документи: Стратешкиот план за биолошка разновидност на Западен Балкан 2030 (Western Balkans Six Biodiversity Strategy Plan 2030) и Планот за обнова на шумските предели на Западен Балкан (Western Balkans Six Forest Landscape Restoration Plan). Овие документи претставуваат важен чекор во спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан и усогласувањето на регионот со европските и глобалните цели за заштита на природата – се вели во соопштението на Меѓународната унија за зачувување на природата (International Union for Conservation of Nature).

Двата клучни регионални документи беа усвоени на 18 септември 2026 година во Жабљак, Црна Гора, за време на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан.

Заедно, овие планови претставуваат заеднички патоказ за зачувување на биолошката разновидност, обнова на екосистемите и зајакнување на отпорноста кон климатските промени до 2030 година. Нивните клучни цели вклучуваат заштита на најмалку 30% од копнените, слатководните, морските и крајбрежните подрачја, обнова на најмалку 20 отсто од деградираните екосистеми, запирање на загубата на видови и унапредување на еколошката поврзаност низ целиот регион.

Реклама

-Стратешкиот план за биолошка разновидност на Западен Балкан до 2030 година ги усогласува регионалните приоритети со глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал и Стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност до 2030 година. Планот е насочен кон зајакнување на мрежата на заштитени подрачја, унапредување на следењето на состојбата и собирањето податоци за биолошката разновидност, како и кон вклучување на заштитата на природата во политиките и практиките на секторите како што се земјоделството, шумарството, енергетиката, управувањето со водите и развојот на инфраструктурата – стои во соопштението.

Планот за обнова на шумските предели на Западен Балкан промовира сеопфатен пристап кон обновата на природата, кој го поврзува зачувувањето на биолошката разновидност со одржливото стопанисување со шумите, приспособувањето кон климатските промени, заштитата на почвата и водните ресурси, како и намалувањето на ризикот од природни непогоди. Таквиот пристап придонесува кон долгорочната отпорност на екосистемите и локалните заедници низ целиот регион.

-Природата не познава граници, па затоа граници не може да има ниту нашиот одговор на загубата на биолошката разновидност и деградацијата на екосистемите. Со усвојувањето на Стратешкиот план за биолошка разновидност до 2030 година и Планот за обнова на шумските предели, Западен Балкан покажува заедничка посветеност на усогласено дејствување во областа на заштитата на природата. IUCN го очекува продолжувањето на соработката со владите, Советот за регионална соработка (RCC) и партнерите, со цел овие регионални обврски да ги преточиме во конкретни мерки за заштита и обнова на природата на терен – истакнал Оливер Аврамоски, директор на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија.

Двата документи претставуваат клучни инструменти за спроведување на Поглавје 5 од Зелената агенда за Западен Балкан: Заштита на природата и биолошката разновидност. Преку нив, меѓународните и европските обврски се преточуваат во конкретни регионални мерки и активности. Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) за Источна Европа и Централна Азија го координира ова поглавје и ја врши улогата на секретаријат на Работната група за биолошка разновидност на Западен Балкан, регионална платформа која ги обединува институциите, експертите и партнерите со цел зајакнување на соработката и усогласување на напорите во областа на заштита на природата.

Усвојувањето на овие планови претставува значаен чекор кон посилна регионална соработка и заедничко справување со предизвиците поврзани со загубата на биолошката разновидност, деградацијата на екосистемите и климатските промени. За нивната успешна примена ќе биде потребна долгорочна посветеност на владите, научната заедница, организациите на граѓанското општество и меѓународните партнери, заедно со поголеми инвестиции за зачувување, обнова и одржливо управување со природните ресурси.