Во изминатата година во Општина Чучер Сандево се реализираа и започнаа повеќе конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Во фокусот се комуналната инфраструктура, чистата животна средина, патиштата, спортот и образованието, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Започна изградбата на пречистителна станица за фекална канализација во Кучевишка Бара, се гради канализациска мрежа во Чардак, а паралелно се работи на подобрување на водоводната мрежа и чистење на дивите депонии.
Во патната инфраструктура се реконструирани и асфалтирани повеќе улици во населените места во должина од околу 4 километри. Реализирана е и последната фаза од реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, со што е завршено отстранувањето на старата коцка.
Се инвестира и во младите. Целосно е реконструиран спортскиот терен во Глуво и поставена е вештачка трева, а се реализирани и активности за подобрување на условите во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
За поголема безбедност на граѓаните е формирано Доброволно противпожарно друштво, обезбедено е теренско возило за гаснење пожари и дополнителна опрема за интервенции на отворен простор.
Работата продолжува за подобра инфраструктура, почиста општина, побезбедни населени места и подобри услови за живот. Чучер Сандево се развива преку конкретни проекти и работа на терен.

