На граничниот премин Табановце вчера во 18.00 часот на влез во државата, полициски службеници го привеле П.Р.(62) од Австрија, бидејќи во неговото возило било пронајдено оружје – соопшти МВР.
-При гранична контрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли – наведуваат од МВР.
Оттаму додаваат дека за настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

