Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Амбасадорот на Софија во Белград, 1980: Во однос на македонското прашање, Бугарија ги застапува позициите што одат во полза на Грција!

Во своите ексклузивни белешки од времето кога бил амбасадор на Бугарија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во своите ексклузивни белешки од времето кога бил амбасадор на Бугарија во Белград, вклучувајќи го и периодот на смртта на Јсоип Броз Тито во мај 1980 година, Рајко Николов изнесува голем број информации за разговори што се одвивале во четири очи, но и податоци од официјални разговори меѓу највисоките политички личности на двете земји во негово присуство. Притоа во дневничките белешки на овој амбасадор во Белград доминира прашањето за Македонија и македонскиот народ. Според белешките, амбасадорот Николов во Белград пристигнал на 26 мај 1978 година, во еден „мрачен, невообичаен ден за пролетта“, а веќе во својата белешка од 4 јуни забележува дека Добривое Видиќ, претседател на Претседателството на Република Србија, одржал говор со остри напади кон Бугарија:

„Тој ни припишува територијални претензии не само кон Македонија туку и кон делови од Србија. Антибугарската пропаганда се засилува. Всушност, се распалува бугарофобијата. Нас Бугарите нè претставуваат како олицетворение на злото. Се создава атмосфера во која луѓето овде се плашат да комуницираат со нас…“

Дискретен разговор со Александар Грличков    

Реклама

Веќе следниот месец, на 26 јули, на приемот кај Јосип Врховец, сојузен секретар, односно министер за надворешни работи на Југославија, амбасадорот Николов забележува дека Добривое Видиќ и Александар Грличков, секретар на Извршниот комитет на ЦК СКЈ и претседател на Комисијата за меѓународна соработка, биле доста љубезни со него додавајќи дека приемот бил организиран во чест на министрите за надворешни работи на неврзаните земји:

Рајко Николов, поранешен амбасадор на Бугарија во СФРЈ

„Кога останав сам со Грличков, забележав дека тој разговара послободно, посрдечно и поотворено отколку тогаш кога ме прими во својот кабинет во седиштето на СКЈ, каде што веројатно се плаши дека е прислушуван од југословенските специјални служби. Тој сподели со мене дека било непривилно решението на Белград да не се публикува речта на Живков во Благоевград. Според негово мислење, југословенските медиуми требало да дадат гласност на говорот и на целосниот текст на декларацијата на нашето Министерство за надворешни работи за бугарско-југословенските односи. Ми се довери дека, што се однесува до политиката кон Бугарија, тој стои на умерени позиции во југословенското раководство. Ми дофрли дека има други кои се поборници на тврд курс. Во разговорот што го водевме со Грличков, меѓу другото, му кажав дека мојата сопруга ја познава неговата прва братучеда во Софија, со која работат заедно… Не можев да продолжам понатаму затоа што се приближи унгарскиот амбасадор. Пред да дојде колегата од Унгарија до нас Грличков успеа да ми дофрли дека за Македонија нема друга алтернатива. Штом судбината сакала таа да биде составен дел на Југославија, ништо друго не им останува на луѓето како Грличков, освен да се приспособат на положбата, си помислив“.

Белешка од 30 ноември 1980

Според белешката од 30 ноември 1980 година, бугарскиот амбасадор во Белград, по наредба на својот министер за надворешни работи Младенов, го информирал грчкиот амбасадор во Белград, Макрис, за тоа како поминала официјалната посета на Јосип Врховец на Софија:  

„Му кажав дека позициите што Младенов ги застапувал во однос на македонското прашање одат во полза и на Грција: Југославија може да се интересира за положбата на своите малцинства во други земји, каде што се признати, и никој не го оспорува тоа, но претходно треба да бидат признати како малцинства. Притоа овој пат Макрис ми соопшти нешто повеќе за неодамнешната средба на грчкиот претседател Караманлис со југословенскиот претседател Мијатовиќ во Белград. Во разговорите во четири очи Караманлис му кажал на Мијатовиќ дека има три начини за решавање на спорното прашање со македонското малцинство во Егејска Македонија: со војна, што е апсурдно; со преговори за постигнувањње договор, што претпоставува признавање на македонското малцинство и со замрзнување на прашањето, ставањето во замрзнувач или, со други зборови, негово исклучување и исчезнување од односите меѓу двете земји. Единствено можна била третата варијанта. Караманлис го предупредил Мијатовиќ дека иницирањето на тоа прашање од страна на Југославија создава компликации во односите, а истовремено претставува и закана за безбедноста на Балканот“, запишал во својот приватен, дипломатски дневник Рајко Николов, амбасадор на Бугарија во Белград пред и по смртта на Тито додавајќи дека ’така по грчки се преговара со Југославија’.

Белешка од 19 јануари 1982 година:

„Хрватката Милка Планинц е предложена за нов премиер на Југославија на местото на Веселин Ѓурановиќ. Првпат жена ќе застане на чело на владата на државата. Тоа со ништо нема да ги промени односите во Бугарија затоа што функцијата сојузен секретар за надворешни работи ќе му биде доверена на  Лазар Мојсов“.

Белешка од 14 април 1982 година:

„Грчкиот амбасадор Макрис ме информира дека при посетата на Атина, Јосип Врховец го поставил прашањето за македонското малцинство во Егејска Македонија. Во Атина била изненадени што Врховец го поставил ова прашање затоа што во Белград знаат дека Грција откажува да разговара за него со Југославија. Изгледа Врховец решил да проба како Грција ќе реагира на прашањето, односно како на тоа прашање ќе реагира владата на ПАСОК, предводена од Папандреу. Позицијата на Грција останува тврда и непроменета“.