Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Прилози

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Со пратенички имунитет зад себе лидерот на СДСМ, Венко Филипче со закани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пратенички имунитет зад себе лидерот на СДСМ, Венко Филипче со закани и навреди до премиерот Христијан Мицкоски. Го нарече идиот на кого ќе му суделе генерациите кои следат, оти ја водел земјата во изолација. За тоа ги искористи просториите на Собранието, каде пратеник е заштитен и не може да одговара пред суд за кажаните зборови

-Па сега некои будалаштини збори, Исланд не сакал во Европска Унија, Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да не изолира целосно, па дали мисли дека сме наивни, тоа ли мисли дека луѓево се наивни, што сака да постигне, изјави Филипче.

Остра осуда пристигна од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека Филипче и СДСМ целосно ја губат контролата, дека ова престатвуа срам и за него и партијата. Прашуваат дали ова е доказ дека не знае како да функционира под политички притисок поради ветувања кон друга држава кои ги дал, но не може да ги испорача.

Реклама

-Ова е говор на уценет човек, ова не е речник што наликува на доктор, на човек што е дел од академската заедница. Секој нека се запраша дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој што во јавната комуникација употребува збор како идиот. Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар, навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

А премиерот не беше единствен по кого удри Филипче. Со закани и до оние кои бараат реформи во партијата, односно платформата за промени. Ако сакале да помогнат да му се приклучеле во неговиот тим, ако не ќе ги газел како шлепер жаба.

-А ако сакаат да се вклучат, ако сакаат еве сега имаме избори во Брвеница, еве ќе ги ставиме во распоредот, па нека помогнат, ако сакаат вистински да помогнат, ако не нека ми се тргнат од патот зошто ќе ги згазам како шлепер жаба, изјави Филипче.

Ова не е прв испад на лидерот на СДСМ. Венко Филипче и претходно јавно излегувал со напади, закани и навреди, но може да се каже дека волку недоличен политички говор за своите соперници, до сега немало.

Матеја Петровски