Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Македонија

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад, потребна е комунална полиција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека во изминатиот период…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека во изминатиот период се изречени казни во вредност од над 80.000 евра за правни субјекти кои несовесно постапувале со отпадот, додавајќи дека за поефикасна борба против ваквите појави е неопходно формирање комунална полиција.

Одговарајќи на новинарско прашање за спроведувањето на забраната за фрлање отпад по 22 часот, Ѓорѓиевски рече дека Инспекторатот на Град Скопје ревносно ги извршува своите надлежности, но посочи дека постојниот систем има ограничувања.

-Апсолутно ни недостасува комуналната полиција, за која чекаме Законот за локална самоуправа да биде изгласан во Собранието и еве уште еднаш апелирам час поскоро да се случи тоа. Не е доволно некогаш само да казните, многу е важна и висината на глобата – истакна скопскиот градоначалник.

Реклама

Ѓорѓиевски посочи дека дел од граѓаните сметаат оти им е поевтино да ја платат казната отколку правилно да го одложат кабастиот отпад во депонијата „Дрисла“, поради што Градот планира секоја недела бесплатно одлагање на ваков отпад за сите жители на Скопје.

Според него, проблемот со дивото депонирање е резултат на однесувањето на мал број несовесни граѓани и компании кои оставаат стар мебел и друг кабаст отпад покрај контејнери, паркови и булевари.

-Не може да дозволиме повторно ќе кажам, однесувањето на малцинството да ни прави проблем на сите. Малцинство се тие коишто несовесно се однесуваат спрема животната средина, малцинство се тие коишто кога реновираат кујните, креветите и сè останато ги оставаат во паркови, на булевари, околу контејнери и така натаму. Имаме сериозни постапувања на правни субјекти, изречени се изминатиов период казни над 80.000 евра и тоа е сериозна бројка на казни. Дали станува збор за градилишта или за камиони кои несовесно одлагаат отпад. ако сите темелно се бориме со тоа што е проблем а го предизвикуваат малкумина, мислам дека ефектот ќе го постигнеме. За бројките повторно ќе кажам на казните, може слободно да се обратите до инспекцијата – рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека во борбата против загадувањето и незаконското одлагање отпад активно се вклучени и скопските општини, оценувајќи дека со координиран пристап може да се постигнат посакуваните резултати.

Ѓорѓиевски додаде дека Град Скопје останува посветен на целосна транспарентност и дека сите подетални податоци за бројот на изречени казни се достапни преку градската инспекција.