– Во Министерството за правда за денеска е најавена консултативна средба на работната група за реформи во изборното законодавство. По завршување на средбата е најавена изјава на министерот за правда Јетон Шасивари.
На 15 септември беше најавено дека министерот за правда Шасивари во периодот што претстои ќе оствари средби со политичките субјекти со цел да се деблокира процесот на носење измени и дополнувања на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда и во кој треба да бидат внесени препораките од ОБСЕ/ОДИХР.
Измените и дополнувањата на Изборниот законик беа изготвени од работна група во Минустерството за правда и предложени од група пратеници во Собранието. Изборниот законик, иако беше дел од реформската агенда, не беше изгласан поради несогласувањата на пратеничките групи и политичките партии во врска со начинот на гласање на дијаспората и финансирањето на политичките партии.

