Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСM со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст

Филипче и СДСM со блокади и празни пораки не можат да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСM со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДСM и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата.

Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза,  денес  во Македонија благодарение на  политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.

Реклама

Во однос на пензиите, СДСM да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДСM.

СДСM нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДСM на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

За време на СДСM и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.

Филипче и СДСM знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи.

Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДСM и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДСM во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа.