Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Прилози

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Водството на македонската испостава на УЧК први на протестот против пресудата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водството на македонската испостава на УЧК први на протестот против пресудата на Хаг за Тачи.  На плоштадот „Скендербег“ во Скопје на чело со Али Ахмети, Зијадин Села, Бујар Османи, Рафиз Алити се собраа поддржувачите на водството на косовското УЧК кои добија меѓу 13 и 25 години затвор, со пораката „не во наше име“. Демонстрантите ги извикнуваа имињата на бившите команданти на паравоената формација, се вееја знамиња на УЧК, Косово и Албанија.

„Ние не ја прифаќаме одлуката на специјалниот суд бидејќи мислиме и тврдиме дека не беше праведна одлуката. Јас, иако живеам во Тетово, сум бил дел од УЧК во Косово и сметам дека овие одлуки се неправедни и невистинити“, изјави Феџри Асипи, портпарол на организацијата на протестот

Организаторите на протестот истакнаа дека нема да престанат со протестите се додека не го добијат тоа што го бараат и ги повикаа сите да им се придружат.

Реклама

„Ќе продолжиме со овие протести низ целата држава низ сите градови кајшто има повеќе албански граѓани и ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат. Ги повикуваме сите политички партии да ни се придружат бидејќи немаме политички проблем туку се ризикуваме ние како албанска националност.“

Вакви проетсти се организираа и во Косово и Албанија. На 16ти септември хашкиот суд за воени злосторства го осуди поранешниот претседател на Косово, Тачи, на 25 години затвор, толку доби и Красниќи, Весели беше осуден на 18 години а Селими на 13 години затвор. Судскиот совет констатираше дека бившите припадници на УЧК биле свесни за значителен број злосторства извршени врз противниците, особено за незаконско апсење и притворање, малтретирање и убиство на тие лица. Обвинителството не успеа да докаже злосторства против човештвото туку воени злосторства врз основа на нивната индивидуална одговорност. Самиот Тачи е осуден за убиството на 96 луѓе.  Покрај убиството судот ги товари и за произволно и незаконско притворување на најмалку 385 лица, тортура врз 303 лица и Сурово постапување врз 49 лица.