Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Еден век зоолошка градина во Скопје. Една од главните атракции не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден век зоолошка градина во Скопје. Една од главните атракции не само во Македонија, туки и на Блаканот почна со прослава на јубилејниот роденден. Првиот ден од прославата очекувано беше резервиран за најмладите.  Ученици од 22 средни училишта се собраа на хуманитарен базар. Средствата од нивните  креативни рачни  изработки ќе бидат донирани за подобра грижа на животните.

„Парите што ќе се соберат од денес и утре од настанот ќе ги донираме за зоолошката градина.“

„Ние сме ученици од Лазар Танев и денеска подготвивме ладни сендвичи со цел придонесеме на овој настан.“

Реклама

„Тука сме на настанот сепак да допринесеме нели за зоолошката градина.“

„Имаме изработки од учениците алки со монистри менѓуши сите се рачна изработка и оваа е од ликовната секција од училиштето.“

„Продаваме слики, енергетски пијалоци, кафе, торбички.“

„Продаваме рачни изработки од нашата паралелка од Јосип Броз Тито.“

„Сите изработки ни се рачно изработени, од фармацевтите имаме чаеви, масла, кантарион во масло, рицинусово, имаме креми за надворешна употреба“, изјавија учесниците на настанот

Роденденот на скопската зоолошка ќе се слави цел месец со богата програма и за младите и за возрасните.

„Денеска започнуваме роденденски месец славење на 100 години јубилеј на зоолошка навистина голем јубилеј биедјќи сме една од најстарите институции во оваа држава. Денеска започнуваме со базарот а секој викенд ќе има програма за посетителите, најмногу за најмалите нормално бидејќи тие се наша најголема публика, ќе има и за возрасните. Тоа секако ќе бидат едукативни програми но ќе има и забавен дел. Ќе не поддржат зоолошката да биде што подобра и успешна во иднина“, изјави Тина Мицковска, претставник на ЗОО Скопје

Зоолошката склучи и меморандум за соработка со 11 стручни училишта кои ќе помагаат околу реновирање на живеалиштата, реконструкција на некои делови како и естетско освежување со цртање мурали и графити.

Скопската зоолошка градина е основана во 1926 година од страна познатиот биолог и научник д-р Станко Караман. Површината на зоолошката опфаќа 12 хектари, таа е дом на повеќе од  500 животни од над 85 различни видови.

Со различни креативни ракотворби, честитки и храна младите од повеќето средни училишта се собраа да ги поддржат животните во зоолошката градина, заедно со професорите и со зоолошката градина и со директорите, тие организираа базар во кој се промовираат и средните училишта и скопската зоолошка градина.