Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Прилози

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Во штипското Основно јавно обвинителство, со работа започна Истражниот центар. Негова задача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипското Основно јавно обвинителство, со работа започна Истражниот центар. Негова задача е да ја зголеми ефикасноста на обвинителите и да ја забрза постапката, особено во предметите поврзани со финансиски и економски криминал. Штипските истражители формално со работа веќе започнаа и постапуваат по првите предмети.

„Праксата покажува дека истражните центри стануваат вистински јадра на истражната дејност на обвинителствата каде што тие функционираат. Директна, континуирана комуникација меѓу јавните обвинители и истражителите во моментите кога постапуваат по предметите и прибавуваат докази, значајно ја олеснува работата на јавните обвинителства. Истражните центри овозможуваат олеснето водење на финансиски истраги“, изјави државниот јавен обвинител, Ненад Савески.

Во моментот, кадарот во штипскиот Центар се доекипира. Според систематизацијата, потребни се вработувања на уште истражители, објаснува раководителката на центарот, Тања Кацарова, која ги охрабри припадниците на правосудната полиција кои имаат способности за дигитална форензика и друг вид на криминалитет да се пријават на објавените огласи.

Реклама

„Во Истражниот центар при Основното обвинителство Штип, треба да има вкупно четири истражители. На распишаниот оглас од страна на ЈО се јавија двајца истражители коишто ги поминаа потребните подготовки и беа избрани да бидат истражители во овој центар“, изјави раководителката на Истражниот центар, Тања Кацарова.

Освен во Штип, вакви центри има уште во пет градови низ државата. Истражниот центар во ОЈО Скопје во периодот од јануари до август презеде вкупно 7.356 дејствија, при што се постапувало по 2.325 предмети.