Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Европскиот пат на Македонија треба да се разгледува во европските институции. Официјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот пат на Македонија треба да се разгледува во европските институции. Официјална Софија одговори на иницијативата на шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, преговорите за откочување на евроинтеграциите да продолжат со посредништво на ЕУ. Бугарското Министерство за надворешни работи во официјално соопштение испрати порака дека останува отворено за конструктивен дијалог, но очекува да се исполни преземената обврска за промена на Уставот:

„Бугарија ја поддржува работата на Европската комисија со секоја од земјите што преговараат за членство, оценувајќи ги постигнатите резултати во рамките на Европската Унија и потсетувајќи дека добрососедските односи се суштински дел од процесот на пристапување и неопходен услов за напредок кон членство во Унијата“, велат од Бугарско Министерство за надворешни работи

Реакцијата на бугарското МНР стигна по предлогот на министерот за надворешни работи, Муцунски, во Њујорк, кој детално ја образложи идејата на македонската Влада за текот на процесот. За Муцунски, европското присуство може да биде преку институциите на ЕУ или преку поединечни членки. Министерот посочи дека вклучувањето на уште една страна во процесот би требало да помогне во градењето на доверба меѓу двете страни, нешто што во овој момент недостасува.

Реклама

„За нас е значајно во сите разговори што понатаму ќе ги имаме со Бугарија да има и вклученост на Европската Унија. Битно е да има минимум уште една страна во процесот што ќе помогне да почнеме да ја градиме довербата која недостига“, изјави Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија.

Сепак, она што е јасно и повеќепати нагласено од страна на Владата е дека процесот во никој случај не смее да биде заложник на идентитетски условувања. Муцунски во Њујорк ги повтори црвените линии и нагласи дека земјата сака да напредува кон Европската Унија и да ги отвори преговорите побрзо, но не по цена на уцени и ултиматуми. Владата, според него, сака фер и предвидлив процес и не сака да влезе во слепа улица и не обезбедува предвидливост.

Дипломатската активност околу евроинтеграциите се засилува во пресрет на најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Западен Балкан. Во Скопје, таа ќе престојува во официјална посета на Македонија.