Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: „Везилка“ и владиниот проект за вештачка интелигенција може да се надополнуваат

 Националниот проект „Везилка“, кој се развива како голем јазичен модел на македонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Националниот проект „Везилка“, кој се развива како голем јазичен модел на македонски јазик, е наменет за примена во државните институции, јавната администрација и приватниот сектор, а неговата идна примена може да биде компатибилна со новите решенија за Е-влада што ги развива Генералниот секретаријат на Владата – истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во гостување на една од националните телевизии, Андоновски појасни дека „Везилка“ во моментов е во развој и дека е предвидена да се користи во повеќе области, меѓу кои јавната администрација, културата, земјоделството и енергетиката.

– „Везилка“ е национален проект за голем јазичен модел на македонски јазик којшто се гради во моментот и којшто потоа ќе има своја апликативна имплементација во било која од државните институции, приватниот сектор, јавната администрација, културата, земјоделството и енергетиката, рече Андоновски.

Реклама

Осврнувајќи се на набавката на систем за вештачка интелигенција што ја спроведува Генералниот секретаријат на Владата, министерот изјави дека според информациите со кои располага, станува збор за решение поврзано со Е-влада и поставено на инфраструктура која ќе биде лоцирана во самата Влада.

На прашањето дали новата набавка претставува двоен трошок покрај „Везилка“, тој оцени дека тоа ќе зависи од начинот на којшто ќе се спроведуваат двата проекта.