Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

„Родот во медиумите за локалните избори 2025“: Од вкупно 791 регистрирано појавување во изборните прилози на јавниот сервис, жените застапени во 13 отсто, мажите во 87 отсто

Наодите од истражувањето „Родот во медиумите 2025: Родовите прашања и начинот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наодите од истражувањето „Родот во медиумите 2025: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во медиумската кампања за локалните избори во 2025 година“ – било во фокусот на денешниот трет јавен состанок за оваа година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ).

На состанокот се разговарало за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, издавачите на онлајн-медиуми – интернет-портали, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка и европската интеграција.

– На состанокот беа презентирани и наодите од истражувањето „Родот во медиумите 2025: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во медиумската кампања за локалните избори во 2025 година“, кое за потребите на АВМУ го изработи маркетинг-агенцијата „Маркет вижн“. Анализата на изборното известување во централните дневници на МРТ 1 и МРТ 2, како и на платеното политичко рекламирање во форма на спотови со сценарио и спотови со снимки од партиски настани кај националните комерцијални телевизии „Алсат-М“, „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и „Телма“, покажа дека жените и мажите не беа еднакво застапени во улогите на носител(к)и на политичките пораки – стои во соопштението на АВМУ. 

Реклама

Во сите анализирани потпримероци, како што стои во анализата, мажите доминираат меѓу примарните субјекти, односно лицата што имаа централна улога во политичката комуникација.

– Од вкупно 791 регистрирано појавување на примарни субјекти во изборните прилози на јавниот сервис, жените учествуваа со 103 појавувања (13 отсто), а мажите со 688 појавувања (87 отсто). Слична родова нерамнотежа беше регистрирана и во ППР-спотовите на комерцијалните телевизии. Од вкупно 588 појавувања на примарни субјекти, 64 беа жени (10,9 проценти), а 524 мажи (89,1 отсто) – наведуваат од АВМУ.

Најизразена нерамнотежа кај комерцијалните телевизии била забележана во ППР-спотовите со снимки од партиски настани, каде што од вкупно 44 регистрирани појавувања на примарни субјекти немаше ниту едно појавување на жена.

Кај ППР-спотовите со сценарио жените учествувале со 64 од вкупно 544 појавувања (11,8 проценти), што укажува на нивна значително помала застапеност и во овој тип политичко рекламирање.

– Родовата небалансираност беше особено изразена кај најекспонираните политички улоги, особено кај кандидат(к)ите за градоначалници/чки и партиските лидер(к)и, а кај кандидат(к)ите за советници/чки застапеноста беше побалансирана. Истовремено, анализата не идентификува случаи на сексуална објективизација или експлицитна родова дискриминација – се наведува во соопштението на АВМУ по третиот јавен состанок одржан оваа година.