Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Голема полициска акција, разбиен е синџир на нелегална трговија со лекови, медикаменти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема полициска акција, разбиен е синџир на нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи.  МВР тресе на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Гевгелија: Неофицијално приведени се шестмина, а дел од криминалната група бил и вработен во царинската управа. Се трага и по други луѓе за кои постојат сомневања дека биле дел од шемата. Од МВР без да соопштуваат детали, само информираа дека акцијата е во тек.

На 21.09.2026 година, во утринските часови, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција , од страна на Министерството за внатрешни работи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, започнато е спроведување на полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела.“- велат од МВР.

И Обвинителствот излезе со речиси идентична информација.

Реклама

„Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации“.– велат од ОЈО.

Според досегашните информации, Во Скопје и Тетово бил пронајден магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.Осомничените се товарат и за други кривични дела, меѓу кои криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари и други приноси од казниво дело.

Инаку ова не е прв случај во Македонија каде се запленети медицински препарати. Во јуни годинава беа одземени 199 вијали во вредност од околу 10.000 евра. Царинарниците ги откриле во поштенска пратка со натпис „козметички примероци“, а ниеден од препаратите не бил наведен на фактурата. Беше поднесена кривична пријава против доктор и медицинска сестра вработени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза.“

Претходно, во април годинава-  хирурзи, дерматолози како и сопственици на дерматолошки ординации беа фатени од полицијата како нелегално ги набавувале па ги продавале на црно ботокси и филери од Србија, Кореја и од Турција. Во полициската акција беа приведени шест луѓе, четворица добија куќен притвор, а деветмина поминаа со мерки на претпазливост.