Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Прилози

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Налепницата „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ ја нема, а старата цена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Налепницата „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ ја нема, а старата цена се уште стои на рафт. Инспекторите се на терен и проверуваат дали сите маркети, книжари и трговци на големо ги почитуваат својте обврски со мерката „Училишна кошничка“ со која родителите го плаќаат целиот училишен прибор со 15%  попуст. Најголем дел од трговците, според досегашните контроли ги почитуваат обврските.

На терен се ангажирани над 30 тимови на инспектори, кои вршат инспекциски надзор кај трговците на големо и мало, со цел да се утврди дали се почитуваат обврските поврзани со цените и правилното обележување на производите опфатени со мерката.“- велат од Државен пазарен инспекторат.

Дел од пропустите се неправилно етикетирање, ненаведена или непоставена ознака за „Помалку трошоци – повеќе за тебе“, како и случаи во кои на рафтовите се уште стојат старите цени. Трговците добиле укажувања да ги отстранат недостатоците.

Реклама

Од досегашните спроведени контроли е констатирано дека мерката генерално се почитува од страна на трговците, при што во неколку случаи биле утврдени помали неправилности. За нив се дадени укажувања до трговците за навремено отстранување на недостатоците, а инспекторите продолжуваат со следење на состојбата на терен. Контролите ќе продолжат и во наредниот период, со цел мерката да се спроведува доследно и да се заштити интересот на потрошувачите.“- велат од ДПИ.

Инспекторите најавуваат дека ќе останат на терен се до истекот на мерката на 30ти септември.

Ранци, тетратки, пенкала, моливи, боички, фломастери, блокови – дел од најпотребниот училишен прибор без кои не може да почне наставниот час и оваа година е поевтин за 15 проценти. Владата веќе трета година по ред дава зелено светло за „училишната кошничка“, со која целта е да се спречи нов удар врз семејниот буџет пред почетокот на учебната година. Од Министерството за образование велат дека сличната мерка во изминатите две години им донела заштеда од околу 2.000 денари на семејствата за секој ученик.