Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Од училишната клупа во раните утрински часови, па се до спорт, дружење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од училишната клупа во раните утрински часови, па се до спорт, дружење и време поминато со семејството. Во денот на децата сега има време за се.

Со звукот на ѕвончето во 7 часот и 30 минути започнува првиот училишен час за децата во основното училиште „Александар Македонски“ – едно од училиштата во кое од оваа година се оди на настава само во една смена. Па така, според распоредот, на учениците денот со училипшни обврски им завршува до 13 часот.

„Нормално ние наставниците сме малку пред учениците овде. Спремни сме да ги пречекаме со нашите дежурства, да ги примиме во своите одделенија и нормално да си го започнеме првиот час. Во текот на денот учениците имаат мали одмори помеѓу часовите и еден голем одмор.“- вели наставничката Сања Димитриева од ОУ „Александар Македонски“.

Реклама

А по завршувањето на последниот час, следи сосема поинаков ритам: тенис, одбојка, другари, домашни задачи, велосиппед, прошетка и време поминато со семејството.

„По училиште се договарам со другарките за да излеземе надвор, одам на тенис и на одбојка од училиште.“- велат учениците.

За родителите нема повеќе трчање од дома во училиште па носење на децата на дополнителни активности. За нив едносменската настава значи помалку грижи за тоа кој ќе го чува детето и подобра организација на слободното време.

„Се шетаме со ќеркичката, гледаме емисии, гледаме помалку на телефон, за викенди сме надвор. Подобро е наутро да одат прва смена затоа што се посвежи, а попладне имаме можност полесно да си го организираме слободното време.“

„Мислам дека е подобро, послободни се од поручек, имаме време за домашни и за шетање. Вака цел ден му беше зафатен, сега има повеќе време, се вози со точак и со тротинет со татко му, си игра со брат му, мислам дека вака подобро функционира училиштето. “- велат граѓаните.

Зголемениот квалитет на учењето е очигледен дури и по волку краток период. Наставниците работат тимски и споделуваат искуства.

„Квалитетот и ефективноста од наставата се несомнени. Дополнително децата имаат време да учествуваат и во воннаставни активности, дел од нив се организираат и во самото училиште како учества во проекти, меѓуетничка интеграција, спорт..“- вели Сања Димитриева.

Концептот на едносменска настава досега го прифатиле над 200 училишта. Владата им дава поддршка на општините да се забрза овој процес преку проширување на капацитетите на постојните училишни објекти. Во моментов се инвестира во доградба на училници во шест училишта, додека паралелно се подготвуваат уште 15 проекти за проширување на капацитетите во други училишта.