Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Проектот за кој Скопјани долго време се надеваа, конечно го направи својот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот за кој Скопјани долго време се надеваа, конечно го направи својот прв чекор. Европската банка за обнова и развој го објави претквалификацискиот тендер за Брзиот автобуски превоз или популарно наречениот БРТ систем. Веста ја обелодени градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски кој нагласува дека со тендерот се бараат изведувачи за првата фаза од проектот. Со него се предвидува изградба на ново депо во Ново Лисиче, надградба на постојното во Ѓорче Петров, како и изградба на првата линија со која ќе се спојат Ѓорче и Лисиче. Трасата е долга 12,8 километри со планирани 22 автобуски постојки.

„Станува збор за поврзување на трасата Ѓорче Петров – Аеродром, последна петка кај Ново Лисиче. Што значи дека ако се патувало во минатото од точка А до точка Б спојувајќи ги двата патни правци за 70 минути до 75 минути сега ќе се патува за некаде… половина од тоа време ќе биде потребно да се стигне од Ѓорче до Аеродром. Автобус ќе има на нешто помалку од 6 минути што е многу важно. Ќе има извесност во целиот процес. Ние ја објавивме вчера првата фаза а втората фаза од објавувањето ќе значи и обезбедување на 40 исто така еколошки автобуси коишто ќе бидат вклучени на целата траса“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје

Рокот за пријавување на тендерот е 2-ри ноември до 12 часот. Парите за овој проект се одобрени веќе од пред неколку години, со вкупна сума од 70 милиони евра, 40 од кои се за првата фаза, односно БРТ линијата 1. Следната фаза од проектот ќе вклучува и набавка на 40 автобуси. Градоначалникот Ѓорѓиевски посочува дека модернизацијата на јавниот градски превоз ќе се одвива паралелно со зачувување на животната средина.

Реклама

„Ако сакаме ние да создаваме еколошки услови и еколошки транспорт во главниот град и на граѓаните да им дадеме вистинска алтернатива да излезат од своите возила и да користат нешто друго како превозно средство а со тоа да влијаеме сите на амбиенталниот воздух, загадувањето и се останато – ние мораме повеќе од една алтернатива да понудиме. Затоа тука ги врзуваме градскиот воз, ги врзуваме новите еколошки автобуси, 100 коишто треба да стигнат, и го врзуваме БРТ транспортот.“

Претходно, Скопје доби и градски воз кој го олеснува патувањето за многу жители, а до крајот на годинава се очекува да пристигнат и првите 30 електрични автобуси за постојниот јавен скопски превоз.