Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Прилози

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Историска покана за Канада да стане придружен член на Европската Унија, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историска покана за Канада да стане придружен член на Европската Унија, а нови патокази за членство за најнапредните земји кандидати од Западниот Балкан. Ова го најави претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, во своето годишно обраќање пред Европскиот парламент, каде што се разговараше за состојбите во Унијата. Таа порача дека проширувањето останува строго засновано на заслуги, но предупреди дека почитувањето на европските вредности е тема за која нема преговори, директно упатувајќи критика за обидите за рехабилитација на воени злосторници.

-Треба одново да ги придобиеме срцата на Европејците. Да го разбудиме кај нив чувството на припадност кон нешто поголемо од нас самите. Чувството дека припаѓаме на заеднички дом. Довербата дека ние Европејците секогаш ќе бидеме еден покрај друг. Бидејќи е доволно да погледнеме подалеку од нашите граници за да разбереме колку е жива европската идеја. Доволно е да ги погледнеме Украина и Молдавија. Доволно е да го погледнеме Западниот Балкан. Доволно е да ги погледнеме сите тие земји блиску до нашата Унија, изјави Фон Дер Лајен.

На говорот на Фон Дер Лајен во Европскиот Парламент присуствуваше премиерот на Канада Марк Карни. Тие добија покана да станат првата придружна членка на Европската Унија, што би преставувало нов облик на поврзување, без полноправно членство. Статус каков што се предлага за Канада, во моментов не постои во ЕУ, а нема ниту детали што конкретно тоа би значело. Истите би требало да бидат познато по разговорите меѓу Брисел и Отава.

Реклама

-Сакаме да го подигнеме партнерството со Канада на највисоко можно ниво. Ние мораме итно да го редефинираме нашето партнерство. Јас би сакала да работам со вас на отворање на вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ, кажа Фон Дер Лајен.

Фон Дер Лајен говореше и на безбедносната состојба во Унија, осврнувајќи се на миграцијата ја спомена кризата во Сеута. Испрати порака дека Шпанците дека границата таму е европска граница и Европа се секогаш тука е за нив. Таа побара и нови правила за вонредни ситуации, особено кога масовните движење вештачки се предизвикуваат и се користат како оружја. Порача дека ЕУ никогаш нема да прави компромис во одбраната на своите граници. Фон Фер Лајен говореше и за економијата и трговските односи со Кина, кои ги оцени како неодржливи, истакнувајќи дека трговскиот дефицит на Унијата со Пекинг изнесува една милијарда евра дневно.

Матеја Петровски