Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Економија

Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион

За само две години успеавме аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само две години успеавме аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид да добие нов, современ лик, олицетворение на Охридскиот Регион. По 56 години, аеродромот се реконструира, со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании, а бројките се над очекуваните – над 240 илјади патници од почетокот на годината до сега –  истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски на промоцијата на реконструираниот аеродром во Охрид.

Како што посочи, нема поубав ден од Денот на независноста – 8 Септември, за да се отвори еден навистина прекрасен објект. – Еден објект којшто со белата боја го доловува она што е најубаво за Охридското Езеро и за целиот Охридски Регион. Навистина сум пресреќен што еве денеска, по напорна работа, успеваме да отвориме практично нов аеродром, односно успеваме да отвориме една терминална зграда заедно со помошни простории, коишто значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претходно, рече Николовски.

Притоа, тој посочи дека последните големи интервенции на аеродромот се правени некаде во 1970 година, така што 56 години Охридскиот аеродром, во делот на терминалната зграда, како и во делот на полетување и слетување, функционирал во исти или слични услови.

Реклама

– Тоа е, од една страна, долг временски период, но од друга страна ја покажува посветеноста на оваа Влада, која работи само две години, да ги менува работите. И како што ги менуваме работите насекаде низ државата, секако ги менуваме и тука – истакна вицепремиерот Николовски.

Тој посочи дека паралелно со аеродромот се работи и на инфраструктурата, за да може да се заокружи една целина во развојот на регионот.

– Секако, на овој практично нов аеродром многу ќе му помогне и новата инфраструктура. Знаете дека интензивно се гради автопатот Охрид – Кичево, веќе делот до аеродромот е завршен, веќе може од Охрид до аеродромот да се стигне по автопат. Се стига до една убава клучка, која што навистина е убаво хортикултурно уредена и на тој начин практично побрзо да се патува до Охридскиот аеродром, рече тој.

Притоа, тој најави дека интензивно се работи на завршување на автопатот, како и дека најтешката делница ќе се отвори во следните месеци.

– Очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и со работа на останатите делници, кои што треба да значат поврзување и со Скопје и со Скопскиот аеродром“, истакна заменик-претседателот на Владата.

Во однос на бројките во авиосообраќајот, Николовски рече дека тие ги уриваат сите рекорди. Преку 240 илјади патници на охридскиот аеродром до сега, а очекувањата се дека вкупно оваа година ќе бидат опслужени околу четири милиони патници.

Оттаму, според заменик-премиерот Николовски, реконструкцијата на аеродромот има своја симболика.

– Прво, симболиката која што ја има реконструкцијата на аеродромот. Второ, едни прекрасни мозаици коишто ве поканувам сите да ги видите, коишто се реплика на мозаиците кои што се наоѓаат низ Стариот град на Охрид, низ Варош, но главно се наоѓаат кај Плаошник и навистина се прекрасно реставрирани. Сакам да се заблагодарам на сите коишто работеа, на сите институции од културата и на сите оние коишто работеа на реставрацијата. И третата работа, имаме една прекрасна реплика на фреските од катедралната црква „Св. Софија“, така што овој аеродром, покрај аеродром, е и еден мал музеј којшто го претставува регионот и се надевам дека сите коишто ќе патуваат оттука ќе уживаат – додаде Николовски.