Артан Груби не чуствува вина затоа што незаконски потпишал одлука за набавка на ВЛТ апарати и направиле штета од речиси 10 милиони евра. Пред судот, освен екс првиот вицепремиер вина не признаа ниту неговиот тогашен колега генерален секретар Методија Димовски и другите петмина обвинети.
На екс-дирекрот на Лотарија Перпарим Бајрами кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. Обвинителството ги товари дека на владина седница Груби со Димовски ставиле барање од Бајрами да се одобри јавната набвка за да може лотарија да приредува електронски игри на среќа иако законски тоа право го немала. Потоа купувањето го организирале остантите обвинети кои биле членови на Надзорниот одбор.
- „Во однос на тоа зошто е променета квалификацијата, квалификацијата е променета затоа што сметавме дека не може, не обезбедивме докази со коишто ќе успееме да го докажеме делото проневера“ рече Даниел Коцев – Обвинител од ОЈО Скопје.
Одбраната на Груби не открива со какви докази ќе го уверат судот дека е невин. Не откриваат ниту кои министри кои учествувале на седницата на 6 јуни 2023 кога се донела одлуката, ќе ги викаат како сведоци.
- „Бидете трпеливи, ќе, ќе видите кои се предложени. Бидете трпеливи и ќе видите. Во овој момент сè уште не можеме да ги истакнеме. Но ние сме цврсто убедени дека нашиот клиент е невин, не превземал никакви противправни дејствија за никакво кривично дело“ рече Гоце Ристевски – Адвокат на Груби.
Рочиштето пак се одложи затоа што Башким Авди вработен во „министерство на Груби“, но и член на Надзорниот одбор во Лотарија не го добил обвинението на албански. Судот реагираше Дека ниту побарал по првото рочиште.
- „После празников ќе поднесам поднесок каде што ќе ги наведам суштинските докази коишто сметам како одбрана дека треба за да ги разбере. Не дека бараме сите за да го закочиме процесот, но основните каде што е опишан како, ууу, субјективно дејствие коешто му се става на товар за да си ги разбере, за да можеме да продолжиме понатаму нормално“ рече Асмир Алиспахиќ – Адвокат на Авди.
И обвинителите реагираа дека обвиниот Авди имал доволно време да побара превод, се со цел да не се одолговлекува постапката.
- „Тоа право беше прочитано, дадено на обвинетиот уште на претходното рочиште и можеше да се избегне ова одлагање сега што ќе го трпиме, да беше дадено на претходното рочиште“ рече Александар Давчевски – Обвинител од ОЈО Скопје.
Обвинителите тврдат и дека по сознанијата дека на Груби му е загрозена безбедносната состојба се согласиле на куќениот притвор по предлог на одбраната. Тврдат дека добиле класифицирани документи кои покажувале дека му е загрозена безбедноста зад решетки.
- „Ние како обвинителство сме должни да постапуваме по информациите коишто ги добиваме од институциите. Замислете само да, да влезеше во притвор и да му се случеше нешто.А ние сме имале информација дека му е загрозен животот. Во најмала рака ќе бевме разрешени“ Даниел Коцев – Обвинител од ОЈО Скопје.
Инаку, обвинителството ја промени и сумата во обвинителниот акт. Па сега, Груби и останатите се товарат за штета на Лотарија од речиси 10 милиони евра.

