Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДСМ и ДУИ, каде завршија парите никој не знае

Кога СДСM зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога СДСM зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт. Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДСM и ДУИ, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конфренција.

Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се создадени вчера.

Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра.

Реклама

Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра.

Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДСM, а не знаеме на што ги потрошија.

Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг.

Почитувани граѓани. Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60 проценти од БДП.

Денес јавниот долг изнесува 58,8 проценти од БДП.

Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме.

Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти.

Кога СДСM следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години?

За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија?
 
Не сме исти. Разликата е евидентна.