Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Почнува првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во Македонија

Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го започнаа првото национално генетско пребројување на кафеавата мечка во земјава, активност што ќе обезбеди попрецизни податоци за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на овој строго заштитен вид.

Генетскиот мониторинг ќе ја опфати динарско-пиндската популација на кафеавата мечка, која се протега од Алпите до Егејското Море и брои околу 4.000 единки, што ја прави најголема популација на овој вид во Европа. Во Македонија истражувањето ќе се спроведува во западниот дел од државата, од Скопска Црна Гора и Шар Планина на север, до Пелистер, Ниџе и Кожуф на југ.

Целта е до крајот на 2026 година да бидат собрани околу 900 генетски примероци, а во процесот активно ќе бидат вклучени шумари, ловочувари, ренџери во заштитени подрачја, ловци, собирачи на шумски плодови и лековити растенија, како и планинари, велосипедисти и љубители на природата.

Реклама

-Генетскиот мониторинг претставува неинвазивно собирање генетски примероци од материјал што животните го оставаат во околината. Кај мечката ќе се собираат примероци од измет, од кои потоа ќе се утврдува генотипот на секоја единка, како своевиден генетски отпечаток од прст – појаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во Македонското еколошко друштво.

Според него, ваквиот пристап овозможува секоја единка да биде препознаена и следена низ времето, што ќе придонесе за попрецизни проценки на состојбата на популацијата.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање посочуваат дека генетскиот мониторинг ќе претставува основа за идно планирање и спроведување на мерките за заштита и управување со популацијата на кафеавата мечка.

Покрај утврдувањето на бројноста на видот, истражувањето ќе обезбеди и податоци за распространетоста и генетската разновидност на мечките, што ќе овозможи подобро разбирање на нивната екологија и подготовка на сеопфатна стратегија за зачувување на видот на ниво на Динарско-пиндскиот регион.

Во проектот, кој е кофинансиран преку програмата LIFE на Европската Унија, учествуваат 21 партнер од девет европски земји. Покрај научните истражувања, активностите ќе бидат насочени и кон развој на правни и управувачки механизми за заштита на живеалиштата на мечката, како и кон намалување на конфликтите меѓу човекот и дивиот вид, кои се сметаат за една од главните закани за неговиот опстанок.

Истражувањето се спроведува во рамки на петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“ (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear), кој има цел да придонесе кон долгорочна заштита на мечката во регионот.