Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Прилеп со 18 нови проекти, патна инфраструктура и фотонапонска централа за пречистителната станица за почиста животна средина

Прилеп со 18 проекти, поддржани со околу 12 милиони евра, реализирани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп со 18 проекти, поддржани со околу 12 милиони евра, реализирани во партнерство со Владата и ресорните министерства. Шест се завршени, пет се во завршна фаза, а седум се започнати – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Еден од најголемите е кружниот тек кај мостот „Табана“, вреден над 2 милиони евра. Со санација и проширување на мостот, нова траса, регулација на коритото и ново осветлување и сигнализација, се решава едно од најголемите сообраќајни тесни грла во градот.

За локалната патна инфраструктура се обезбедени 168 милиони денари за три години. Се реконструираат улици, тротоари и велосипедски патеки, се подобрува осветлувањето и се поставуваат мерки за побезбеден сообраќај. Во „Металец“, кај „Жито Прилеп“ и на улиците „Победа“, „Трајко Николоски“ и „Орде Чопела“ се реализираат нови инфраструктурни проекти.

Реклама

Во водоснабдувањето, се заменуваат старите цевки и се обновуваат водоводни мрежи. Во Карабдалица е обновена мрежата по повеќе од 70 години, а во Селце и Лениште се реализираат нови мрежи вредни 25 милиони денари.

За почиста животна средина изградена е фотонапонска централа, следува поставување полуподземни контејнери на 21 локација, а работи и првата фабрика за селекција на отпад од ваков тип во Македонија, со капацитет до 10 тони на час.

Се уредуваат јавните простори и спортската инфраструктура, со обновен плоштад, нови детски и спортски игралишта и реконструирани терени.

Прилеп добива и помодерни услуги преку Центарот за услуги со над 1.000 дигитални услуги, а се подготвуваат нов Генерален урбанистички план и повеќе детални планови.

Во културата, спортот и младите, средствата за културни манифестации се зголемени од 4 на 12 милиони денари, а за спортските клубови се издвоени 14,5 милиони. Поддржани се и повеќе од 160 настани во летниот период.

За граѓаните и ранливите категории, обезбедени се по 3.000 денари за секое прваче, отворен е Центар за дневен престој на стари лица, а се подготвува и нов Дневен центар за лица со попреченост.

Прилеп се развива преку инвестиции во инфраструктурата, животната средина, јавните услуги, спортот, културата и грижата за граѓаните.