Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Гаши-Ѓокташ: Заеднички заложби за зајакнување на семејството

Потребна е поголема заштита и зајакнувањето на семејството и семејните вредности, имајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребна е поголема заштита и зајакнувањето на семејството и семејните вредности, имајќи предвид дека станува збор за области од големо значење за двете општества, но потребна е и поголема соработката на сите нивоа, со оглед на тоа што одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво значајно придонесува за унапредување на севкупните односи, констатираа претседателот на Собранието, Африм Гаши и министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ на денешната средба во Скопје.

Претседателот Гаши, информираат од собраниската прес-служба, изрази големо задоволство за можност да се сретне со министерката Ѓокташ и да разговараат за семејните вредности како цивилизациска определба. Тој истакна дека социјалната политика и прашањата поврзани со заштитата и зајакнувањето на семејството имаат развиено широк спектар на политики и услуги насочени кон семејствата, жените, децата, лицата со попреченост, старите лица и другите ранливи категории. Нашата земја е подготвена за размена на искуства и добри практики со Турција во овие области, особено во делот на развојот на достапни и квалитетни социјални услуги во заедницата.

Тој изрази уверување дека парламентарната дипломатија може да одигра значајна улога во дополнителното зајакнување на билатерални односи и да отвори простор за нови форми на институционална соработка меѓу двете земји.

Реклама

Министерката Ѓокташ истакна дека Македонија и Република Турција негуваат силно традиционално пријателство и партнерство и имаат длабоко вкоренети историски и културни врски. Истакна дека Турција следните десет година ги прогласила за Деценија на семејството и населението со фокус кон зајакнување и заштита на семејството и децата, поттикнување на бракот, особено кај младите како и зголемување на наталитетот и поддршка за родителите.