Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Кузманоска: Од 1,6 отсто економски раст во време на СДСM и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 проценти

Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо.

Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти.

Реклама

Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно.

Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот.

А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа.

Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти.

Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти.

Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти.

Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.

Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места.

И има уште еден многу важен податок.

Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%.

Почитувани граѓани, 

Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните.

Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува.

Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување.

Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти.

Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи.

И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани.