Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Паркот „Авионче“ домаќин на Фестивалот на улична храна „АЕРО“ со богата музичка програма

Паркот „Авионче“ во Општина Аеродром од денеска до 8 септември ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паркот „Авионче“ во Општина Аеродром од денеска до 8 септември ќе биде домаќин на второто издание на AERO Street Food Festival, кој годинава ќе понуди пет фестивалски вечери исполнети со музика во живо, диџеј-сетови, улична гастрономија и интерактивни содржини за посетителите.

Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден“, фестивалот предвидува настапи на пет бендови и десет диџеи. На сцената ќе се претстават South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, кои ќе изведуваат домашни и светски музички хитови во сопствени аранжмани.

За музичката атмосфера пред и по концертите ќе бидат задолжени диџеите Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеи од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz.

Реклама

Посебен акцент ќе биде ставен на завршната вечер на 8 септември, кога фестивалот ќе биде заокружен со музички трибјути посветени на Владо Јаневски и групата ДНК. Бендот Acoustic Division ќе изведе трибјут-програма во чест на Владо Јаневски, додека диџеите од Sure Shotz ќе приредат музичка селекција посветена на хитови на ДНК.

Освен музичката програма, посетителите ќе можат да учествуваат во натпревари во брзо јадење, квизови и други интерактивни предизвици што ќе ги води Бомбакис, при што за најуспешните учесници се предвидени награди.