Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Тошковски: По 30 години, во Македонија повторно имаме државно Средно полициско училиште, влог кон професионализација на целата полициска структура

По пауза од речиси три децении, денеска и официјално почна со работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пауза од речиси три децении, денеска и официјално почна со работа новото државно Средно полициско училиште „7 Мај“, со што земјата повторно добива системски процес за образование на иден полициски кадар.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека овој ден претставува историски чекор за реформата и модернизацијата на полициските служби во државата.

– 1 септември 2026 година, конечно, по 30 години од последниот упис во рамките на Средното полициско училиште во Македонија, имаме нова генерација идни полициски службеници, кои ќе имаат своја професија – полициски службеник во Македонија со завршено средно полициско училиште за две години од сега – изјави Тошковски.

Реклама

Тој упати искрени честитки до сите новозапишани ученици што ја избраа, како што посочи, оваа одговорна и чесна професија.

-​ Нека им е честито на сите дечиња што се запишаа во рамките на Средното полициско училиште. Сигурен сум дека за две години од сега, со посветена и макотрпна работа, со трудот што ќе биде даден и од страна на професорите, и од страна на менторите, и од страна на сите оние едукатори што ќе бидат вклучени во процесот, а најмногу од страна на учениците, ќе можеме да се гордееме со нова бројка на полициски службеници што имаат завршено средно полициско училиште – нагласи министерот.

​Тошковски упати благодарност до сите институции и тимови што работеа на реализација на овој проект изминативе две години.

– Нека ни е со среќа на сите. Огромна благодарност уште еднаш до сите оние што макотрпно работеа изминативе две години за денеска да го дочекаме и овој ден – по 30 години, во Македонија повторно да имаме државно Средно полициско училиште – рече Тошковски.

​Во однос на капацитетите, тој појасни дека првичниот план предвидувал прием на 200 кандидати, но поради огромниот интерес и потребите од реформи, бројката е зголемена.

– Сакам да ја информирам македонската јавност дека во рамките на овој прв уписен процес беа планирани да се примат 200 кандидати. Поради огромниот интерес, кој реално го имавме, одлучивме секој кандидат што ги исполнува елементарните услови за упис да биде примен, со што ги зголемивме капацитетите за 50 проценти – посочи тој.

Министерот истакна дека за оваа одлука била добиена целосна поддршка од Владата и од Министерството за образование и наука.

– Донесовме одлука на Влада, премиерот лично даде поддршка на сето ова што го тераме како процес, огромна благодарност лично до него и до министерката за образование, која даде личен придонес во рамките на целокупниот овој процес, па дојдовме до бројката од 310 ученици, кои ќе бидат дел од училиштето – изјави Тошковски.

На конкурсот се пријавиле вкупно 510 кандидати, но Тошковски изрази загриженост поради малиот интерес од страна на кандидатите од малцинските заедници.

-Да, ме загрижува. Не само што нема интерес кај дечињата Албанчиња, нема интерес и кај дечињата кои се од ромската, турската или од другите заедници. Тука навистина мораме да се посветиме во иднина многу повеќе како да ги мотивираме да бидат дел од ова Средно полициско училиште – потенцира Тошковски.

​Тој изнесе и прецизни податоци во однос на бројот на пријавени и примени ученици од помалите етнички заедници.

– Вкупно 43 деца од помалите етнички заедници се пријавиле на конкурсот од оние 510 што беа пријавени првично. Од нив, 31 кандидат беа Албанци. Во согласност со информациите што ги имам, од нив се примени 11. Не е проблем во приемот, проблемот е во интересот и тоа мора да го решиме во иднина – објасни министерот.

​Запрашан за причините зошто некои од кандидатите не биле примени, Тошковски демантира дека пречка било непознавањето на македонскиот јазик и посочи дека станува збор за неисполнување на основните критериуми.

– Сите кандидати што не се влезени во фаза да склопат договори не ги исполниле основните елементарни услови. Најголемиот проблем беше со поведението – мора да имаат одлично поведение, не може да имаат недобро поведение или да бегале од часови. Вториот проблем беше со критериумот за висината – изјави Тошковски.

Тој најави дека за следните уписни рокови ќе се разгледа можноста за дополнително приспособување на формалните критериуми.

Министерот порача дека фокусот на градењето квалитетен полициски кадар е од суштинско значење за сите граѓани во државата.

– Суштината е дали нам ни требаат полициски службеници Албанци, Турци, Роми, Власи? Да, ни требаат. Но, пред сѐ, ни требаат чесни, професионални, посветени и едуцирани луѓе, што си ја сакаат државата – истакна тој.

​Тошковски нагласи дека училиштето ќе претставува базен за професионализација на целата полициска структура.

– Ова Средно полициско училиште треба да биде токму тоа – еден базен што ќе треба да го даде максимумот во делот на професионален кадар, кој е нужен за Македонија – изјави министерот.

​На крајот, тој потенцира дека таквиот пристап е директно поврзан со европските интеграции и безбедноста на сите граѓани.

– Нашата цел е да имаме подобро едуцирана, подобро образована и поспремна полиција, која ќе може да одговори на сите предизвици во интерес на сите граѓани. Само со таков пристап можеме да одиме напред – заклучи министерот.