Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против секоја инвестиција што носи развој, не можат да се помират со фактот дека Македонија се движи напред

Додека СДСМ и Венко Филипче денес се обидуваат да го проблематизираат развојот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека СДСМ и Венко Филипче денес се обидуваат да го проблематизираат развојот на дата центрите, јавноста треба да ја види суштинската разлика меѓу нивната и политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја гледаа Македонија низ призма на политики како развојот на индустријата со марихуана кои отвораа простор за интереси на тесни кругови, додека ВМРО-ДПМНЕ денес отвора можности за инвестиции во технологии и индустрии кои се дел од иднината на светската економија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дата центрите се токму таква можност. Станува збор за современа индустрија која е тесно поврзана со дигитализацијата, вештачката интелигенција и развојот на новите технологии. Македонија не смее да остане надвор од овие процеси.

Реклама

Наместо да ја препознае можноста, Филипче повторно избира да напаѓа и да шири паника. Очигледно е дека не може да се помири со фактот дека Македонија конечно се движи напред.

СДСМ зборува за потрошувачка на електрична енергија и вода како аргумент против развојот, притоа занемарувајќи дека денес постојат различни современи технологии и решенија за функционирање и ладење на дата центрите, во зависност од нивната намена и големина.

Исто така, Македонија денес функционира како пазарна економија, со јасно утврдени механизми за снабдување и плаќање на електричната енергија.

Затоа, наместо да се создава непотребна паника, потребно е да се гледа што може да добие државата. Нови инвестиции, нови работни места, развој на ИТ-секторот, ангажирање на домашни компании и можност Македонија да стане дел од глобалната дигитална економија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден проект да биде реализиран на штета на граѓаните, животната средина или природните ресурси. Сите конкретни инвестиции ќе ги исполнуваат законските и еколошките стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да привлекува инвестиции, да отвора нови индустрии и да создава услови Македонија да биде конкурентна, модерна и технолошки развиена држава.