Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Јованка Кепеска: Ромската граматика од Круме Кепески и Шаип Јусуф

Ромската граматика од Круме Кепески и Шаип Јусуф од 1980 година го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ромската граматика од Круме Кепески и Шаип Јусуф од 1980 година го изучи јазикот на Ромите анализирајќи го арлискиот и џамбаскиот говор. Објаснувајќи дека: „Тие даваат можност да бидат земени за основа на идниот литературен јазик на Ромите“(на стр. 19 од Ромската граматика).

Се разбира, во рамките на таквата анализа изучени се гласовите, укажано е и како тие ќе бидат обележувани, односно создадена е азбуката на ромскиот јазик, ромското писмо и дадени се алтернациите во латиницата и во кирилицата. Истовремено устроен е правописот. На таков начин во Ромската граматика од авторите Круме Кепески и Шаип Јусуф, во 1980 година, преку создавањето на ромската азбука, правописот и граматиката е извршена кодификацијата на ромскиот јазик.

Консеквентно бидејќи граматиката е таа што се бави со гласовите. Впрочем, тоа го покажува и самото име граматика што произлегува од грама (грчки) што значи буква или писмо. Со создавањето на писмото секој глас добива буква така што создавањето на писмото ја одразува гласовната структура на јазикот. При кодификацијата се изградува правописот, покрај конструкцијата на граматиката и приредувањето на речникот. Во Граматиката писмото предоминантно е изградено врз фонетски пристап при кој во азбуката секој глас да добие буква. Ромската азбука со фонетскиот пристап е заснована на современ начин.

Реклама

Избрана е латиницата, и е прилагодена, како основа на ромското писмо дефинирајќи ја и транскрипција на ромското писмо во латиницата и во кирилицата.

Авторите велат: „Некои гласови во арлискиот и џамбаскиот говор за кои нема знаци во латинската азбука бевме принудени да ги означиме со знаци што самите ги создадовме или пак ги позајмивме од кирилицата. Така, на пример, полугласот во овие говори кој се слуша како глас помеѓу о – а го бележиме со знакот а со две точки над него. Има два вида х – h и х.“ (Исто, стр. 19)

Сепак авторите на Граматиката укажуваат дека: „беа во дилема кои знаци да ги земат за обележување на гласовите што се слушаат кај Ромите во нашата земја; и дека, најпосле, се решија за латиницата , бидејќи има Роми и во европски земји каде што народите со кои живеат се служат со латиница“ (стр. 19).
Создаден е едноставен правопис. Притоа решен е и превописот и во латиницата и во кирилицата.

При лингвистичкиот пристап кон ромскиот јазик користени се, пред се, долготрајните говорни сеанси со говорители на трите дијалекти: арлискиот, џамбаскиот и што се говорат во Македонија но и пошироко, во делови од Србија и Косово. За да се избегне и тесниот простор на дијалектите што се следеле за да се изврши кодификација на ромскиот јазик на поширок план. Претпоставени се и претходните теренски истражувања за писменоста на Ромите во повеќе земји, од Шаип Јусуф, по својата професија, инаку, остручен за спортски работник, но и на широк број на ромолози како би се остварила претензијата кодификацијата да се изврши на поширок план и простор.

Со пристапот во Ромската граматика од Круме Кепески и Шаип Јусуф, 1980 година, може да се заклучи дека се разрешени сите претпоставени основи на кодификацијата: писмото, правописот, граматиката и речник кој е во функција, употреба и создавање на граматички термини. Тоа е речник со 2000 зборови и изрази што се најдуваат во употреба на арлискиот бугуџискиот и џамбаскиот говор и од новосоздадените зборови како и од зборови од хинду јазикот од прапостојбата на Ромите во Индија. Што значи дека во речникот се застапени стари изрази и зборови од речникот на Ромите. Потребно е да се каже дека накнадно е создаден и објавен опширен Речник на ромскиот јазик.

Со своето појавување Ромската граматика од Круме Кепески и Шаип Јусуф побуди голем интерес во светски рамки. Се изврши запознавање со ромскиот јазик.

Врз ваквата кодификација се одвива наставата на ромскиот јазик во училиштата, се шири ромската култура и навлегува во јавната употреба.
Накратко го опишуваме ромскиот јазик приложувајќи го со слика Ромското писмо.

„Како што се гледа од напоредниот преглед, во арлискиот и џамбаскиот говор се слушаат триесет и два издиференцирани гласа. Според тоа, ромската азбука или алфабет се состои од триесет и две букви. Тие одговараат на гласовите што се слушаат во овие ромски говори што ги предлагаме за основа на идниот литературен јазик на Ромите во Македонија и во другите краеви на СФРЈ.“ (Граматиката е објавена во 1980 година).

Авторите наведуваат дека во гласовната система на овие Роми има шест самогласки или вокали. Еден од нив е полуглас слично како полугласот ер голем во старословенскиот јазик.

Авторите укажуваат дека во изговорот на согласките што се во употреба во овие говори:
„1. кј се изговара приближно како македонското ќ.“
„2.гј, исто така, по својот изговор стои поблиску до македонското ѓ отколку до српскохрватското.“
„3. dz = (џ) се изговара како македонското и српскохрватското џ (dz).“
„4. Гласот лј = љ во овие говори се слуша како мекото македонско љ.“
„Гласот нј = њ во овие говори се слуша како меко њ.“
„За другите согласки нема нешто кое треба посебно да се одбележи, бидејќи нивниот изговор е ист како и кај другите јазици во Европа и во нашата земја.“

Она што е специфично е дека во ромскиот јазик се слушаат две х, едно аспирирано или со здив и едно обично заднонепчано како што се слуша во македонскиот и српскиот и хрватскиот јазик. И на крајот да го наведеме изводот: „Во ромскиот јазик има зборови во кои зад согласките: т, п, к, ч доаѓа редовно аспирирано h = х кое слабо се слуша. Сепак во тие случаи немаме еден слеан глас, па затоа не ги бележиме како една фонема, туку како: th = тх’, ph = пх‘, kh = кх’, ch = чх’“.

Во наредниот напис за некои пројавени иницијативи поврзани со прашањата околу кодификацијата на ромскиот јазик.