Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Додека во Македонија трае дебатата за изградба на Дата-центри, во Европа тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека во Македонија трае дебатата за изградба на Дата-центри, во Европа тие наголемо се градат. Во нашиот регион, Босна и Херцеговина наскоро треба да започне изградбата на дата-центар, за кој се предвидува дека ќе биде еден од најмоќните на Балканот.

Според информацијата објавена од Блумберг, американска компанија планира да вложи околу 530 милиони евра во конструкцијата на дата-центар во непосредна близина на Мостар. Центарот би имал моќност од 100 мегавати, а ќе биде изградена и дополнителна помошна инфраструктура.

Реклама

„Зад проектот стои AAFS Infrastructure and Energy. Компанијата ја проширува инвестициската офанзива во БиХ, чија вкупна вредност би надминала две милијарди евра. Плановите опфаќаат гасоводи, 3 гасни електрани и модернизација на аеродромите во Сараево и во Мостар.“, се вели во истражувањето на Блумберг.

Компанијата планира парите да ги обезбеди преку американски развојни институции и меѓународни фондови. Босна и Херцеговина веќе има 3 помали дата-центри. Новиот проект би ја ставил земјата во сосема друга категорија, анализира Блумберг.

Соседна Србија пак има развиено свој државен дата-центар во Крагуевац, чиј капацитет во април 2026 година беше зголемен на 14 мегавати со пуштање во употреба на нови модули и втор суперкомпјутер. Албанија развива проект кој треба да се зголеми од почетни 32 до 100 мегавати. Црна Гора има комерцијални центри и планира државен дата-центар. Бугарија потпиша меморандум со инвеститори за почеток на градба на масивен дата-центар за вештачка интелигенција во индустриската зона Раковски кај Пловдив.

А моќната европска држава Германија, планира 99 дата центри, од кои 41 веќе се во фаза на изградба. Дојче веле објавува за забрзано градење на центрите таму и заклучува дека без нив денешниот дигитален свет не може да функционира.

„Истражувањето покажува дека многу од новите центри за податоци ќе бидат со огромни размери. Досега за големи во Германија се сметаа објекти со приклучок на електромрежата од пет до десет мегавати. Но, новата генерација носи сосема поинакви димензии. Се работи за капацитети од 200 до 500 мегавати, а во некои случаи и повеќе од еден гигават“, пишува Дојче веле.

А дата-центар има и Македонија уште од 2023 година. Земјава го има можеби и најсовремениот центар за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи на Балканот, кој е изграден недалеку од Прилеп. Неговата целосна изградба и пуштање во употреба со целосна функционалност чинеше 11,5 милиони евра и како објект е прв од таков вид во регионот, изграден од државна институција, во конкретниот случај Министерството за внатрешни работи.