Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Бојковска: Политиките на Владата кои носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност даваат резултати, економијата расте, јавниот долг и инфлацијата се намалуваат

Денес продолжуваме со економските показатели кои најдиректно ја покажуваат состојбата во државата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес продолжуваме со економските показатели кои најдиректно ја покажуваат состојбата во државата, јавниот долг, економскиот раст и инфлацијата за време на претходната влада на СДСМ, со периодот на власт на ВМРО-ДПМНЕ – вели Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес-конференција.

Кога ќе ги ставиме бројките на едно место, можеме јасно да видиме од каде тргнуваме, каде сме денес и какви се предизвиците што стојат пред нас.

На 31 декември 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра, односно 47,7% од БДП, а според податоците на ММФ, БДП изнесувал 11,34 милијарди долари. Шест години подоцна, на 31 декември 2023 година, јавниот долг достигнал 8,477 милијарди евра, односно 57,8% од БДП, додека БДП изнесувал 15,86 милијарди долари.

Реклама

Тоа значи дека за период од шест години власт на СДСМ, јавниот долг се зголемил за 3,690 милијарди евра, додека БДП во истиот период пораснал за 4,52 милијарди долари, односно приближно 3,9 милијарди евра.

Сега да ги споредиме бројките за време на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

На 31 декември 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра, односно 61,4 проценти од БДП, додека БДП според податоците на ММФ изнесувал 16,95 милијарди долари.

Заклучно со 30 јуни 2026 година, јавниот долг изнесува 10,726 милијарди евра, односно 58,8 проценти од БДП. Според проекцијата за крајот на 2026 година, јавниот долг би достигнал околу 11 милијарди евра, додека според ММФ, Бруто домашниот производ ќе изнесува 21,61 милијарда долари.

Тоа би значело дека за период од две години јавниот долг би пораснал за околу 1,381 милијарда евра, додека БДП би се зголемил за околу 4,66 милијарди долари, односно приближно 4,02 милијарди евра.

Ова е разлика која покажува дека за прв пат со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, БДП производ е за скоро три пати поголем од нивото на задолжување, што значи дека задолжувањето е со јасна економска цел што создава дополнителна вредност за државата.

Овие показатели потврдуваат дека задолжувањето е преточено во инвестиции кои создаваат услови за посилен економски раст, нови работни места и повисок животен стандард. Тоа е разликата меѓу задолжување за развој и задолжување без јасен резултат.

Истовремено, кога зборуваме за економската состојба, мора да ја земеме предвид и да ја анализираме и инфлацијата, сега со периодот на власт на СДСМ.

Во јули 2026 година, инфлацијата во Македонија изнесува 2,3% на годишно ниво, што претставува сериозно намалување на ценовните притисоци во споредба со јули 2022 година, кога инфлацијата изнесувала високи 16%.

За споредба, од земјите во регионот само Србија има пониска инфлација од нас со 1,9%, потоа Словенија 2,9%, Албанија и Грција по 3,4%, Црна Гора 3,8%, Хрватска 3,9% Бугарија 4,1, Босна и Херцеговина 4,5%, Косово 6,5, Романија 8,16 и Турција 31,75%.

Додека за време на власт на СДСМ кога во Македонија инфлацијата рушеше рекорди со 16% во јули, во истиот период поголем дел од земјите во регионот имаа пониска инфлација од нас.

Така, Албанија имала инфлација од 7,5%, Словенија 11%, Грција 11,6%, Хрватска 12,7%, Србија 12,8%, Косово 14,2%, Црна Гора 14,9% и Романија 15%. Само Босна и Херцеговина со 16,7%, Бугарија 17,3% и Турција од дури 79,6% имаа повисоко ниво на инфлација од Македонија.

Овие проценти покажуваат дека темпото со кое растат цените е значително забавено, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди дополнително зголемување на куповната моќ на граѓаните преку реален раст на платите и пензиите, поголема продуктивност и силна економска активност.

Од друга страна, сакаме секое задолжување да има своја економска оправданост, секоја инвестиција да носи резултат, а економскиот раст да се претвори во повисок животен стандард, затоа што тоа е одговорен пристап кон јавните финансии и кон иднината на државата.

Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон економски раст кој се темели на инвестиции, производство, нови работни места и повисоки приходи за граѓаните, затоа ќе продолжиме со политики кои носат инвестиции, раст, повисоки плати и пензии и поголема економска сигурност.