Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на еврокомесарката Кос не се однесуваше на Македонија, вели Мицкоски

Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување на земјите кандидати кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување на земјите кандидати кон ЕУ, сега за сега.​ Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. ​Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Работиме на реформската агенда и ќе направиме сè да бидеме најдобри на тој план како и досега – вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон ЕУ на земјите кандидати, сега за сега. ​Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици што се пред нас не само како држава туку и на самата Европска Унија. ​Изјавата на еврокомесарката е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. ​Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Имаме апсолутно целосна доверба во рамките на Европската Унија – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија – Србија.

Тој додаде дека Владата работи на реформската агенда, на исполнување на реформите.

Реклама

– Во декемврискиот извештај бевме најдобри, очекувам така да биде и во јунскиот извештај. Продолжуваме во таа насока и во периодот што следува. ​Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови, ние ќе си го испорачаме и ќе бидеме најдобри. И сме најдобри. ​Така што продолжуваме во тој правец – рече македонскиот премиер.

Европската комесарка за проширување Марта Кос на 25 август го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување.

Таа на конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб рече дека проширувањето не значи поголема ЕУ, туку посилна ЕУ.

– Се работи за создавање Европа способна да ги осигури сопствените интереси соочена со сè поголемата конкуренција од другите глобални сили. Во тоа можеме да бидеме успешни само доколку го стабилизираме нашиот континент и во ЕУ ги вклучиме оние земји кандидатки што ги исполнуваат своите обврски. Бидејќи ниедна европска земја не би можела сама. Проширувањето е геополитички стабилизатор на Европа – рече таа додавајќи дека се очекува 2026 година да биде рекордна година за напредок во проширувањето на ЕУ.