Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот

Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми, рече Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води македонската Влада, постигнати се конкретни резултати, така што се воведени нови 28 авиодестинации.

Така, од Скопје сега може да се патува во Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија.

Реклама

 Додека од аеродромот во Охрид, македонските граѓани можат да летаат за Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.

Со новите дестинации, нашите граѓани добиваат повеќе директни врски со европските центри, полесно патуваат за работа, образование и туризам, но и полесно ги посетуваат своите семејства и пријатели кои живеат во странство.

Истовремено, со секоја нова директна линија Македонија станува подостапна за странските туристи, а особено значајно е тоа за Охрид и за македонскиот туризам, бидејќи поголемата воздушна поврзаност значи и поголема можност за привлекување туристи од нови пазари.

Но, подобрата воздушна поврзаност е важна и за бизнисот, за привлекување инвестиции и за поврзување на македонските компании со европските пазари. Кога една држава има повеќе директни авиолинии, таа станува подостапна и попривлечна за инвеститорите, компаниите и меѓународните партнери.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот.