МВР соопшти дека вчера, во 13:00 часот, во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода М.З.(22) од Велес.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

