Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Одбележани 85 години од формирањето на правиот скопски партизански одред

Делегација на Општина Карпош, предводена од претседателот на Советот, Христо Саракинов, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Општина Карпош, предводена од претседателот на Советот, Христо Саракинов, денеска со положување цвеќе пред споменикот на борците од Првиот скопски партизански одред во населбата Карпош 3, одбележа 85 години од неговото формирање. Пред спомен-обележјето почит оддадоа и претставници на Сојузот на борците на Македонија и Градскиот одбор на Сојузот на борците, здруженија и невладини организации, училишни делегации, претставници на политички партии и други почитувачи на борците за слобода од Народноослободителната борба, информираат од Општина Карпош.

Во обраќањето претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, истакнал дека положувањето цвеќе се оддава почит на храбрите борци кои во тешки времиња го избрале патот на отпорот и борбата за слобода, достоинство и правда.

-Нивната храброст и жртва остануваат траен дел од нашата историја и обврска никогаш да не бидат заборавени. Нека нивниот пример нè потсетува дека слободата и мирот се вредности кои треба да ги чуваме и пренесуваме на идните генерации, порачал Саракинов.

Реклама

Првиот скопски народноослободителен партизански одред, првата партизанска единица на Народноослободителната борба во Македонија, е формиран на 22 август 1941 година, во близина на скопскиот Градски парк. Одредот броел 42 борци од различна национална припадност, а 17 од нив ги загубиле животите во борбата за слобода. Нивната храброст и жртва остануваат траен дел од историското паметење и темелите на македонската државност. По војната, тројца борци од одредот – Раде Јовчевски-Корчагин, Боро Петрушевски и Александар Урдаревски – биле прогласени за народни херои на Југославија.