Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

ВРЕДИ: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите

Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор, се вели во соопштението од ВРЕДИ. 

Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и други основни производи потребни за успешен почеток на новата учебна година.

Ова е уште една конкретна мерка на ВРЕДИ во Владата, насочена директно кон граѓаните и нивните секојдневни потреби. Наместо празни ветувања, фокусот е ставен на конкретни решенија кои ги намалуваат трошоците на семејствата и им обезбедуваат поддршка тогаш кога таа им е најпотребна.

Реклама

Производите опфатени со мерката ќе бидат јасно означени во продажните места, а попустот ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка.

Затоа што вложувањето во децата и младите е вложување во иднината. Создаваме подобри услови за учење, повеќе можности за развој и генерации кои утре ќе ја градат иднината на нашата земја.