Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ЈКП „Бошава“: Укината забраната, водата во Демир Капија е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење.

– По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe – информираа од јавното претпријатие.

На 14 август од јавното претпријатие информираа дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна. Ден подоцна, од јавното претпријатие апелираа дека нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните, ниту, како што беше соопштено, темата треба да се користи за дневно-политички поенти.