Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВРЕДИ: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“

Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство.

Правдата не смее да зависи од ничие политичко влијание, партиска припадност или функција. Кога за трагедија со 14 човечки жртви нема целосна и неселективна одговорност, тогаш не станува збор само за неуспех на едно обвинение, туку за тежок пораз на целиот правосуден систем.

Реклама

Овој скандалозен правосуден епилог оди на товар на нереформираното раководство на ДУИ. Тоа раководство уште еднаш покажува дека Албанците во Македонија ги користи како совршено алиби за својата опсесија со власта – власт која за нив значи привилегии, тендери и фотелји, а не одговорност пред граѓаните.

За ДУИ, очигледно, човечките животи се само статистика. Без душа, без морал и без емпатија. Но за семејствата на жртвите тие се незаменливи човечки животи, а за целото општество – обврска вистината да биде откриена и правдата целосно задоволена.

ВЛЕН нема да дозволи трагедијата во Тетово да биде заборавена, ниту одговорноста да биде закопана во обвинителски и судски лавиринти. Ќе продолжиме да бараме независна истрага, неселективна одговорност и правда за секој од 14-те изгубени животи.

Политичката казна за ваквото ненародно и неодговорно однесување ќе стигне на следните парламентарни избори, кога и да се одржат.

Албанците доаѓаат по својата правда.