Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Во гасењето на пожарот над Никуштак ќе се интервенира и од воздух

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Куманово и на Национални шуми, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Куманово и на Национални шуми, со три противпожарни возила, интервенираат на гаснење на пожарот над селото Никуштак, а се очекува во текот на денот и воздушна интервенција, соопшти ЦУК.

-Моментално се наоѓам на терен, во селото Никуштак, каде што заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, со три противпожарни возила, интервенираме за гаснење на пожарот над селото Никуштак. Од терен директно ги координирам активностите на екипите и сите мерки за справување со ситуацијата. Во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови, со цел што побрзо локализирање и гаснење на пожарот, вели директорот на ЦУК Мохамед Али.

Екипите, додава тој, продолжуваат со максимален ангажман за спречување на ширењето на пожарот и за заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Реклама

Воедно, тој апелира до граѓаните на максимална внимателност, да ги избегнуваат непотребните движења во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции.