Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО

Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.

За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање.

– Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се најактивни, а прскањата обично се прават откако ќе престанат најголем дел од активностите на луѓето во населеното место, и тука губиме еден отсто од ефективноста на прскањата. Уште еднаш да ја уверам јавноста: сите средства се препорачани од Светска здравствена организација, нема средства што се опасни по здравјето. Такви средства што се користени во минатото одамна не се користат. Значи, во Македонија се почитуваат најновите препораки и средствата не се опасни. Граѓаните треба да ги применуваат мерките на лична заштита. Одговорно тврдам за квалитетот на средствата и нивната нештетност по луѓето, рече Клековски.

Реклама

Во однос на коментарите дека не се прскало доволно, тој рече дека споредувањето на досегашното прскање покажува дека се направени во најголем дел сите потребни работи.

– Во основа, за ларвицидните третмани се користи биопрен и бактерија што влијае на развојот на ларвите. Тие се во моментот двете најмодерни средства. Бактеријата со која е извршено последното прскање за ларви во Градот Скопје е бактеријата која е препорачана од грчкиот пандан на Институт за јавно здравје како нешто што треба да се работи. Една од работите што недостига, што ја лоцираме во моментот и што ја нема во земјата, се таблети со бацили за дезинсекција на септички јами. Тоа го има во Грција, го идентификувавме, го нема во Македонија и претпоставувам дека ќе работиме на тоа тие да бидат достапни кај нас за сите граѓани може да ја применат како индивидуална мерка на заштита, земајќи во предвид дека многу приградски населени места во Скопје сѐ уште се без градска канализација, додаде Клековски.

Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје рече дека средството за прскање против комарци е загарантирано, квалитетно, тоа е германско производство и нема никакви сомнежи.

– Средството е квалитетно, начинот на растварање и дозата е препорачана според проспектот, така што од таа страна немаме никакви сомнежи. Значи, само треба да обрнеме повеќе внимание на водените површини за да не дозволиме да одлетаат комарците. Тоа е најважно, додаде Соколовска.