Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Општина Карбинци ќе субвенцираа набавка на пелети за огрев, повикот ќе биде објавен на 1 септември

Општина Карбинци обезбеди субвенции за граѓаните кои ќе набават  пелети за огрев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карбинци обезбеди субвенции за граѓаните кои ќе набават  пелети за огрев за претстојната зимска грејна сезона. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека ова е нова мерка и за првпат се воведува за граѓаните на Општината 

​- Се работи за субвенционирање за набавка на пелети за домаќинствата на жителите на Општина Карбинци кои се со жителство и со адреса од Општина Карбинци. Принципот на субвенционирање ќе биде со единствен услов тие да поседуваат печка на пелети и да имаат набавено пелети за оваа претстојна грејна сезона, што ги имаат набавено од 1-ви мај, па досега, одосно до завршување на повикот до 30-ти ноември-изјави Паунов.

​Општината повикот ќе го објави на 1 септември и ќе трае до крајот на месец ноември. Потоа ќе се разгледаат понудите и ќе бидат одобрени според принципот „прв дојден, прв услужен“. До крајот на оваа буџетска година ќе бидат и исплатени овие субвенции.

Реклама

​-Ќе се субвенционираат набавените пелети во висина од 20% од набавката, но не повеќе од 12.000 денари вкупна сума која што може да биде субвенционирана од страна на корисниците. Очекувам дека мерката ќе биде добро прифатена и навистина ќе биде од корист за граѓаните, а општина Карбинци за оваа мерка одвои 400.000 денари буџет за оваа година-вели Паунов.

Тој истакна дека Општината веќе трета година по ред има повици и за субвенции за ​клима уреди. Паунов најави и дека следната година ќе има субвенции и за полагање на возачки испит за младите лица до 25 години, на кои што Општината ќе покрие дел од трошоците за полагање на возачки испит.

​-Потоа ќе ги споменам само субвенциите, односно еднократната поддршка за новороденче во Општина Карбинци во висина од 10.000 денари, потоа во пресрет на учебните години субвенционираме за првачињата, за средношколците, за студентите во прва година на државен Универзитет, така што еве опфатени се повеќе целни групи во нашето општество, коишто очекувам дека и со оваа нова мерка за огрев  навистина ќе имаме сериозен придонес кон олеснување на домашниот буџет на граѓаните на Карбинци-подвлече Паунов.