Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

ССМ одбележа 80 години од формирањето

Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење.

Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики и во унапредувањето на социјалниот дијалог.

На свечената седница присуствуваа актуелното раководство на ССМ, претставници на гранските синдикати, поранешни претседатели на Сојузот на синдикати, членови, поддржувачи и гости, кои се осврнаа на развојот на синдикалното организирање во земјата и на предизвиците со кои се соочуваат работниците денес.

Реклама

Во обраќањето пред присутните, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, се осврна на значењето на јубилејот, на постигнувањата на синдикатот во изминатите децении и на заложбите за подобрување на работничките права и животниот стандард. Потсети на пораката што стои во архивските записи од Првиот конгрес во 1946 година.

-Работникот мора да има свој организиран глас, за да ја брани социјалната правдата и достоинството – порача Трендафилов.

На седницата беше истакнато дека историјата на ССМ е нераскинливо поврзана со борбата за достоинствена работа, повисоки плати, безбедни услови за работа и почитување на работничките права.

Од ССМ порачаа дека јубилејот е можност да се оддаде признание на генерациите синдикалци кои придонеле за развојот на организацијата, но и поттик за продолжување на синдикалната борба во интерес на работниците и во наредниот период.