Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Бојковска: Македонија меѓу 30-те најдобро рангирани во светот за сајбер-безбедност

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го изработува естонска Академија за е-управување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го изработува естонска Академија за е-управување, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот, меѓу 155 рангирани држави и територии, со 84,17 поени од можни 100. Тоа е скок од 29 позиции, рече  Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес конференција. 

Во 2023 година, Македонија беше на 59 место, немаше сеопфатна законска рамка за сајбер-безбедност, немаше јасна институционална одговорност, немаше стратешки пристап кон заштита на критичната инфраструктура.

Годините на минусната политика на претходната власт оставија држава која беше ранлива, необединета и без визија во оваа сфера, која денес е меѓу најважните за секоја модерна и одговорна држава.

Реклама

Донесен е нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усвоена е Стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028  со конкретен Акциски план. Воспоставивме механизми за национална координација и значително ги зајакнавме капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти.

Ова е напредок за земјата базиран врз парнерства, јасна визија и сериозносот во спорведување на реформите.

Продолжуваме со спроведување на реформите, продолжуваме со градење капацитети за превенција и одговор и со продлабочување на меѓународната соработка. Безбедна дигитална држава значи безбедни јавни услуги, заштитени податоци на граѓаните и отпорна критична инфраструктура, а тоа е обврска што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќа сериозно.