Реклама

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Македонија

На владина седница во вторник ќе биде донесена одлука за формирање на училишната кошничка

На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

-На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ќе се донесе како одлука, рече Мицкоски при посетата на Прилеп, каде што изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“. 

Мерката исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование.

Реклама

Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.